7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците повеќе не жалат за марката

Германците повеќе не жалат за марката

marki1

Германците се приврзани за еврото повеќе од било кога, а носталгијата за германската марка е на рекордно ниско ниво, покажува истражувањето кое беше спроведено во понеделникот со цел да се открие јавното мислење за валутите.

И покрај кризата која ги потресе земјите во еврозоната, повеќе од две третини од германските испитаници сакаат да ја задржат единствената европска валута.

Речиси 69 проценти од Германците, од вкупниот број на испитаници, изјавија дека Германија може да го задржи еврото како валута и дека еврото ќе постои и во иднина.

Ова е највисокото ниво на поддршка за еврото од страна на Германците, од неговото воведување во 2002 година, пишуваат германските медиуми, кои потсетуваат дека во 2012 година половина од населението беше против монетарната унија.

Една година подоцна, само 27 проценти од нив сакаат да се врати германската марка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП