19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдинствен „милионер” на денот акцијата на Алкалоид АД Скопје

Единствен „милионер” на денот акцијата на Алкалоид АД Скопје

македонска-берза

Последниот ден со право за дивиденда, акцијата на Алкалоид АД Скопје ја направи единствен „милионер” на денот во вторникот со вкупно остварен промет од околу 1,4 милиони денари и истргувани 265 акции по просечна цена од 5.299,74 денари.

Зад неа се најде акцијата на Макпетрол АД Скопје со промет од нешто под милион денари, поточно 928.140 денари.

На врвот од листата на добитници беше акцијата на РЖ Техничка контрола Скопје со пораст од 11,14 отсто и истргувани 250 акции по просечна цена од 389 денари.

На спротивната листа на губитници предводник беше акцијата на Охридска банка АД Скопје со пад од 2,17 проценти, по којашто следеа акциите на Алкалоид АД Скопје со пад од 0,61 отсто и акцијата на Комерцијална банка АД Скопје која имаше пад од 0,04 отсто.
Македонската берза денот го заврши со вкупен промет од 4.851.864 денари реализирани преку 40 трансакции и истргувани вкупно 5.999 акции.

Индексот МБИ-10 порасна за 0,37 отсто и заврши на 1.773,20 индексни поени, додека пак индексот ОМБ, бидејќи немаше ниту една трансакција со обврзниците остана на вчерашното ниво од 128,22 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП