2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМлекарите до 30-ти април може да поднесат барање за субвенции

Млекарите до 30-ти април може да поднесат барање за субвенции

podrinje-ministarstvo-poljoprivrede-stocari-1328585176-121547

Во тек e поднесувањето барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2012-та година, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Висината на поддршката изнесува 3.5 денари по литар и дополнителни 15 отсто за млеко произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

Барањата се поднесуваат до 30 април 2013-та во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство. Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачките капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

Агенцијата воедно ги потсетува земјоделците за можноста да поднесат барање за помош за премии за осигурување за осигурано примарно земјоделско производство, за лозови и овошни насади до 10 хектари, за градинарски култури и тутун до 2 хектара, за житни култури до 20 хектари и за пчели до 100 пчелини семејства. Висината на поддршката е 60 проценти од трошокот на премијата за осигурување, а барањата се поднесуваат до 30 август во подрачните единици на Министерството за земјоделство каде што е извршена регистрацијата на земјоделското стопанство.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП