8 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ на Грција и на Турција им додели 193 милиони евра за...

ЕУ на Грција и на Турција им додели 193 милиони евра за згрижување бегалци

Flüchtlingsprotest in Dresden

Европската унија денеска им одобри на Грција и на Турција нова помош за соочување со бегласката криза во вкупен износ од 193 милиони евра.

Грција, за подобрување на условите во кои живеат бегалците ќе добие 83 милиони евра, а Турција 110 милиони.

Парите се наменети за основна здравствена грижа, храна, хигиенски потреби, подобро згрижување на децата, како и за изградба на привремени прифатилишта за повеќе од 10 илјади бегалци и мигранти во Грција.

Во рамки на пакетот од три милијарди евра помош за Турција за сириските бегалци, Комисијата во вторник одобри 110 милиони евра, од кои 60 милиони наменети за храна, здравствена заштита и сместување на бегалците, а 50 милиони се наменети за итна потреба на бегалците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП