13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавена е изградба на агро берза во Неготино

Најавена е изградба на агро берза во Неготино

agro berza 335

Изградба на агро бизнис зона, каде на едно место ќе бидат застапени складишни центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот за набавка на свежи и преработени земјоделски производи, најави во вторник, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој рече дека изградбата ќе започне кон крајот на годинава, а функционален ќе биде во 2018 година, додека за локација се предлага Неготино.

„Агро бизнис зоната ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи, во и надвор од државата. Главните бизнис активности што ќе се нудат во зоната ќе бидат калибрирање, пласирање, пакување и разладување, определување цена на берза, утовар и дистрибуција и купопродажба“, рече Груевски, кој смета дека на таков начин ќе се овозможи поповолна цена за земјоделските производители.

Според него, предноста на аукцијата е што има можност да влијае на цената на определен производ во насока на заштита на производителите и доколку на аукцијата има поголема понуда во еден ден, а недоволно побарувачи тогаш складирањето на производот може да се продолжи за да не падне цената и да се понуди во некои од следните денови кога е предвидено тргување.

Во агро бизнис зоните ќе може да се врши поединечна продажба, блок продажби кои даваат можност за купување од дома и најавена продажба.

За функционирањето на Агро бизнис зоната ќе биде воспоставен оператор односно аукциска куќа што ќе биде во мнозинско државна сопственост и која ќе се занимава со прием на земјоделски производи. По завршувањето на дневната берба, калибрирање, пласирање, пакување и ладење, откако ќе пристигнат производите во центарот во рок од два часа по што се складираат и разладуваат во текот на ноќта на температура до 4 степени за да се продолжи времетраењето на производот, но ќе врши и определување на цената по примерот на функционирањето на Агро берзата во Холандија, со саат и негативна лицитација.

„Цената почнува од највисока па се спушта зависно од квалитетот, понудената количина и бројот на купувачи. Ќе почнува со работа во раните утрински часови каде ќе се определува цената на производите. По дефинирањето на цената ќе се дистрибуира до крајните корисници во Македонија или на пазарите надвор“, рече Груевски, кој додаде дека аукциската куќа ќе се врши продажба на различни производи односно ќе има денови за продажба на овошје и денови за продажба на зеленчук.

Таму ќе се  врши и контрола за квалитет,  ќе се испитуваат и оценуваат производите и ќе се означуваат според производител. По увидот и определувањето на класата на производот веднаш ќе биде складиран во ладилник.

„Производите ќе се продаваат во продажната соба со часовникот. Овој часовник дава различни информации повремено ­ за квалитетот, цената, количестовто итн., а секој купувач ќе има електронски систем со кој ќе биде приклучен и преку кој учествува во системот на купување бележејќи ја количината и видот на производот што го купува“, рече Груевски и додаде дека ќе може да се купува и на лице место, но и преку интернет.

Според него, холандската агро бизнис зона, по чиј терк ќе се прави и македонската, е лидер на европскиот пазар и е создадена од 29 илјади компании чие производство има од 7,9 милијарди евра и учествува со 40 отсто во вкупното земјоделско производство во Холандија кое претставува главен светски извозник на свежи земјоделски производи. Слични вакви центри има и во Унгарија, во Италија и во Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП