27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDB: S & P 500 може да се зголеми за уште 25%,...

DB: S & P 500 може да се зголеми за уште 25%, но потоа …

long term 332

Аналитичарот Дејвид Бјанко од „Deutsche Bank“, и неговиот тим, имаат добра вест за инвеститорите, пренесува „Business Insider“.

Според нив широкиот американски индекс „S & P 500“ може да додаде уште 25% на својата вредност во наредните две години до 2018-та. И потоа најверојатно ќе бидат сведоци на голема распродажба …

Во своите прогнози за поширокиот индекс, Бјанко смета дека индексот може да достигне ниво од околу 2.500 поени во 2018-та година. Ова се разбира, во случај дека не станеме сведоци на рецесија во овој период. По таквото зголемување, најверојатно ќе видиме сериозен пад и следниот „мечешки пазар“, за каков се определува намалување од над 20%.

Сумираното сценарио на германската банка изгледа така – раст од сегашните нивоа и намалување потоа повторно до нивото каде се наоѓаме во моментот, или дури до пониски вредности. Еве како изгледа и на што е базирана прогнозата на Бјанко:

long term 333

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП