27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT Fullback пристигнува во Европа

FIAT Fullback пристигнува во Европа

fullback 33

Моделот на „FIAT“, кој е заснован на „Mitsubishi L200“, ќе започне да се продава на европскиот пазар во мај, но цената засега не е позната.

„FIAT Fullback“ имаше премиера на саемот за автомобили во Дубаи, кон крајот на 2015-та година. На пазарот тој ќе се натпреварува со модели како што се „Toyota Hilux“, „Nissan Navara“ или „VW Amarok“.

Пик-апот ќе биде достапен во три верзии – „single cab“, „extended cab“ и „double cab“, a на купувачите ќе им бидат понудени и специјални верзии со надоградба на каросеријата. Сите три верзии се широки 1.815 mm, високи 1.780 mm, a меѓуосовинското растојание изнесува 3.000 mm. Должината варира од 5.155 дo 5.285 mm, во зависност од верзијата.

Максималната носивост на теретниот оддел е 1.100 kg.

Понудата на погонските единици опфаќа четирицлиндарски 2.4-литарски турбо дизели со 150 и 180 ks. Моќта се пренесува на тркалата со помош на шестбрзински мануелен менувач, додека алтернатива е петстепен автоматик.

На повеќето европски пазари основниот модел ќе има погон на предните тркала, додека верзијата 4×4 ќе биде достапна како опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП