18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква нема да брза со структурните реформи

Москва нема да брза со структурните реформи

medvedev rusija

Руската Влада не треба да брза со примената на забрзани структурни реформи бидејќи тоа може да ја продолжи кризата за уште неколку години и тешко да се одрази на економијата потисната од рецесијата, како и на популацијата, изјави денес премерот на Русија, Дмитриј Медведев.

„Нема да спроведеме реформи на сметка на народот“, изјави Медведев во долниот дом на парламентот за време на известувањето за работата на неговата влада.

Тој додаде дека народот и економијата можат да издржат само одредена брзина и длабочина на реформите.

Медведев истакна дека Владата нема планови да се заврти кон печатењето на пари за да се премости буџетскиот јаз.

„Русија треба да се врати на тригодишното буџетско планирање. Нема да постојат измени на државниот буџет во текот на пролетната седница на парламентот“, изјави Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП