20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорската доверба во Германија на највисоко ниво за 2016-та година

Инвеститорската доверба во Германија на највисоко ниво за 2016-та година

germnska berza 33

Инвеститорската доверба во Германија е зголемена за втор месец, регистрирајќи највисока вредност за оваа година. Стравувањата поврзани со растот на кинеската економија, се намалени, кои содејствувале за подобрување на резултатот.

Индексот на институтот „ZEW“ се зголемил до 11,2 поени во април во однос на 4,3 поени еден месец порано. Резултатот се покажа над просечните очекувања на аналитичарите за вредност од 8 поени.

„Изненадувачките позитивни вести од Кина изгледа ги имаат подобрено ставовите меѓу финансиските експерти. Од друга страна актуелниот слаб раст на кинеската економија и во други важни пазари во развој продолжуваат да и тежат на германската извозна индустрија“, коментира професорот Саша Шефен, директор на одделот Меѓународни финансии и финансиски менаџмент во „ZEW“.

Во исто време политиката на ЕЦБ за рекордно ниските камати, како и стимуланси, исто помага за растот на довербата меѓу инвеститорите. Индексот на економските очекувања за еврозоната се зголеми до 21,5 поени во април во однос на 10,6 поени во март, коментираат уште од германскиот Институт.

Показателот кој ги надгледува моменталните услови во Германија, е намален малку – до 47.7 поени, наспроти 50.7 поени пред еден месец. Од 10-ти март наваму германскиот „DAX“ се зголеми за над 8% кога ЕЦБ официјално го упати нивото на каматите во уште подлабоко на негативна територија. Уште одлука за каматната стапка од страна на Европската централна банка се очекува овој четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП