19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАLinkedIn ќе проверува дали сте лажеле во CV-то

LinkedIn ќе проверува дали сте лажеле во CV-то

linkedin-660x330

Сите повремено го „разубавуваме“ CV-то, понекогаш за да ги „здебелиме“ сопствените достигнувања, a понекогаш за да сокриеме некои недостатоци. LinkedIn, сепак, одлучи на тоа да му стави крај.

Имено, пронаоѓачот Лукас Муслински во 2013 го патeнтирал ‘Interactive Fact Checking System’, а LinkedIn го купил. Затоа набрзо ќе можат да се проверат сите факти кои ќе ги наведете во биографијата на нивната мрежа.

Според описот на патентот, станува збор за интерактивен сервис кој автоматски следи, процесуира и ги проверува информациите и одлучува за статусот на истите. Според теорија, не звучи претерано различно од новиот систем на Facebook кој ги означува лажните вести. Разликата е во тоа што системот на LinkedIn ќе проверува дали фактите кои сте ги навеле во биографијата се вистинити. Сервисот секако ќе ги корегира и ненамерните грешки, па на некој начин и ќе ви помогне во уредувањето на онлајн претставувањето.

Како патентот точно би требало да работи? Да земеме најобичен пример кој не е поврзан со кариерата, но сепак покажува на кој начин ќе работи системот, „Охрид е главен град на Македонија“. Системот ќе го поправи поединецот кој ја навел таа информација и ќе го информира дека Скопје е главен град на Македонија.

Дури и ако планот се оствари, тешко дека системот автономно ќе функционира. Потврдувањето на секоја одделна информација во CV-то е многу тешко автоматски да се провери. Сепак и тоа е чекор напред кон отстранувањето на мноштвото лажни информации кои се множат на интернет, дури и кога станува збор за личните информации. Па затоа, корегирајте ги лагите на вашиот LinkedIn профил со цел да не ве улови нивниот нов систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП