8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Раст на трговијата на фалсификувани производи

ОЕЦД: Раст на трговијата на фалсификувани производи

 

fake-brands

Фалсификуваната и шверцувана стока сочинува околу 2,5 проценти од светската трговија односно околу 461 милијарди долари, штo претставува зачително оштетување за компаниите и државните каси, соопшти Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД.

Во последните десет години зголемена е трговијата со лажните производи на компаниите како што се на пример „Louis Vuitton“ и „Nike“.

Последиците од фалсификувањето се големи за богатите земји, во кои се сместени повеќето компании кои ја произведуваат бараната стока, додека само ЕУ увезла околу пет проценти од лажната стока во 2013 година, што изнесува околу 116 милијарди долари.

Кина е најголем производител на фалсификувана стока, се наведува во соопштението на ОЕЦД каде додаваат дека, исто така, интелектуалните имотни права на кинеските компании се често прекршени.

ОЕЦД наведува дека причините за раст на трговијата со фалсификувана стока од 2008 година се закрепнувањето по финансиската криза, појавата на глобализирани синџири за вредност и растечката трговија преку интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП