6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПримарните валути скокнаа по растот на цената на нафтата

Примарните валути скокнаа по растот на цената на нафтата

Arrangement of various world currencies including Chinese Yuan, Japanese Yen, US Dollar, Euro, British Pound, Swiss Franc and pictured in Warsaw

Примарните валути поскапеа денеска, па така австралискиот долар го достигна 10-месечниот максимум, додека јенот поевтини, откако со обновата на цените на нафтата се зголеми апетитот кон ризикот.

Австралискиот долар поскапе до 0.7778 во однос на американскиот долар, што беше највисоко ниво по 10 месеци. За последено австралискиот долар се тргуваше на ниво од 0.7767, истакнувајќи зголемување од 0,25% за овој ден. Канадскиот долар е се блиску до 9-месечниот врв од 1.2750 во однос на доларот, достгнат пред една недела, и се тргуваше на ниво од 1.2774 во азиската сесија. И двете валути го искористија зголемувањето на цената на нафтата, која ги избриша сите свои загуби по средбата во Доха.

Фјучерсите на Брент се тргуваа речиси без промена во споредба со крајот на неделава пред средбата, а бришењето на загубата е близу 7%. Штрајкот во нафтената индустрија на Кувајт помогна за новото покачување на цените.

Доларот се поскапе за 0.2% во однос на јенот – до 109.10, откако излезе на позитивна територија за седмицата, по што вчера падна до еднонеделно дно од 107.75. Федералните резерви и Банката на Јапонија ќе ги одржат своите состаноци за одредување на монетарната политика во текот на следната недела.

Пред нив сепак Европската централна банка ќе ја одржи својата средба во четврток. Еврото остана речиси без промена на ниво од 1.1307 во однос на доларот, така што го продолжи своето враќање од двонеделното дно од 1.1234, но се сретна со отпор при нивото од 1.1330. Бразилскиот реал вчера се намали за над 2%, откако долниот дом на локалниот парламент гласаше во корист на постапка за импичмент на претседателот Дилма Русеф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП