3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомплекс Ветрило – Живеење низ свежина

Комплекс Ветрило – Живеење низ свежина

ggg

Претставници од агенции за недвижности, градежни компании, од институтот за сеизмологија ИЗИИС, како и градоначалникот на општина Сопиште присуствуваа на осветувањето и официјалната промоција на новиот комплекс Ветрило, кој е веќе во изградба. Оддалечен од центар за само 6,5 километри во близина на општината во с. Сопиште, овој комплекс нуди живеалиште во чиста, здрава природа со величествен поглед на југозападните падини на Китка, Караџица, Јакупица со врвот Солунска глава.

Станува збор за внимателно осмислен нов концепт на куќи кои ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. И самото име Ветрило кажува дека ова е место каде ветрот не дозволува да се задржува смог и штетни честици во воздухот. Проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град. Со купување куќа на Водно трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер. Куќичките кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водени лудории архитектите осмислија и простор за базен. Ветрило е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.

gaa

Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом.

За сите оние кои следниве три месеци ќе се решат да инвестираат во овој комплекс, е обезбеден попуст од 5-10%, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.

Комплекс се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м2, распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинско купатило, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Секоја станбена единица е со висока класа на енергетска ефикасност, приклучена на заеднички централен систем за греење и ладење, кој овозможува и постојана топла санитарна вода.

gbb

Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 150-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.

Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и да се овозможи и поубав поглед. Инвеститор е компанијата Интерсофт, градежна компанија која над 15 години гради современи простори на домување. http://www.intersoft.com.mk/

Тука можете да го погледнето видеото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП