Неделава на Македонската берза започна со остварен вкупен промет од околу 12,2 милиони денари, од кој промет над 60 отсто беше реализиран со акцијата на Алкалоид АД Скопје.
Вкупната вредност на трансакциите со оваа акција е околу 7,36 милиони денари и истргувани 1.380 акции преку 31 трансакција по просечна цена од 5.332,26 денари.
Втора по ред беше акцијата на Макпетрол АД Скопје која во текот на денешниов ден оствари вкупен промет од 2,43 милиони денари истргувани преку 13 трансакции.
На дневната листа на добитници најголем раст имаше акцијата на Квасара АД Битола со просечна цена од 8.917 денари и раст на вредноста од 2,48 проценти. По неа следеа акциите на Телеком АД Скопје со истргувана количина од 200 акции и раст од 2,08 процент и Макпетрол АД Скопје со истргувани 140 акции и раст од 1,64 отсто.
Наспроти неа, листата на губитници ја предводеше акцијата на Стопанска банка АД Скопје со истргувани вкупно 200 акции, и пад од 1,35 отсто.
МБИ-10 забележа раст од 0,51 отсто и заврши на 1.766,73 индексни поени, што е нагорна промена за 8,91 индексни поени во однос на претходниот работен ден. Индексот ОМБ денес остана непромент со вредност од 128,22 индексни поени.