ЕКОНОМИЈА

Норвешки тур оператори во посета на Македонија

norveski

Норвешки тур оператори  беа во посета на Македонија, во текот на изминатиов викенд, кои беа предводени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија.

Истакнати имиња од туристичката индустрија на Норвешка како Travel Invest, Temareiser Fredrikstad, Tele-Tur AS,  Aktive Fredsreiser, Travel for peace,  но и туристичка асоцијација ANTOR остварија средби со 30 компании од приватниот сектор на Р.М.

Туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи за тур операторите. Сметаат дека Македонија има огромен потенцијал на норвешкиот пазар, и тоа најмногу со: езера, култура, рурален, активен, вински и гастро туризам. Дополнително, потенцијалите за развој на туристичката понуда се зајакнати со неодамна отворениот директен лет Скопје – Осло, со WIZZAIR.