6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите на IS паднале за 30 отсто за девет месеци

Приходите на IS паднале за 30 отсто за девет месеци

is pari 33

Приходите на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) паднале за околу 30 отсто во однос на минатата 2015 година, принудувајќи ги џихадистите да воведат нови даноци на териториите кои се под нивна контрола, меѓу кои и таксата на сателитски антени, се тврди во студијата објавена во понеделникот.

„Во март 2016 година месечните приходи на Исламската држава паднале на 56 милиони долари. Кон половината на 2015-та вкупните месечни приходи на Исламската држава наближуваа до 80 милиони долари“, изјави Лудовико Карлино, главен аналитичар во IHS Jane’s, специјализиран институт кој редовно објавува извештаи за случувањата на териториите кои се под контрола на џихадистите во Сирија и во Ирак.

Извештајот на институтот се базира на информациите од социјалните мрежи и од извори присутни на теренот во двете земји, а покажува и дека производството на нафта во зоните под управа на Исламската држава е намалена од 33.000 на 21.000 барели дневно, кои се продаваат на црниот пазар. Меѓутоа, овој извештај не наведува каде џихадистите ја продаваат украдената сириска и ирачка нафта.

Се оценува дека таквите загуби на најдоходовниот „сектор“ на Исламската држава се должат на воздушните напади од страна на меѓународната коалиција предводена од САД и од Русија.

Според HIS, џихадстите загубиле околу 22 отсто од територијата во последните 15 месеци, и опфаќа сега само шест милиони население, за разлика од ланските девет милиони луѓе. Што значи дека нејзината фискална база е намалена,

„Исламската држава во моментов ги зголемува даноците на основните услуги и бара нови начини да дојде до пари од населението“, тврди Карлино

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП