5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБавен раст на кинеската економија

Бавен раст на кинеската економија

ekokina 98

Кинеската економија расте значително побавно во почетокот на годината и на квартална основа. Бруто домашниот производ се зголеми од јануари до март само со 1,1% во споредба со претходниот квартал, објави статистичката служба во Пекинг, цитирана од агенциите.

Во петокот, при објавувањето на редовните податоци за економијата, властите не дадоа податоци за измените на квартална основа. Тоа е најниската вредност откако се собираат слични податоци – од 2010-та година.

Економистите очекуваа раст од 1,5%, откако оваа вредност беше достигната во претходниот квартал. Статистичкиот орган исто така ги прилагоди стапките на раст за три од четирите квартали од 2015-та година.

За првиот квартал на 2015-та година тримесечниот раст беше ревидиран од 1,3 до 1,4 проценти. За вториот беше намален од 1,9% до 1,8 отсто, додека за четврто тримесечје исто беше намален од 1,6 до 1,5 проценти. Растот во третиот квартал останува непроменет.

Побавното од очекувано темпо на квартален раст доаѓа во позадина на другите знаци за стабилизација на кинеската економија во првиот квартал, вклучувајќи ги позитивните изненадувања од сферата на трговијата, инфлацијата, кредитирањето и производствената активност.

ekokina 9944

„Темпото на раст од 1,1% јасно илустрира дека кинеската економија се соочува со притисок“, пишува Џоу Hao, виш економист во „Commerzbank“, во својата денешна белешка.

„Ако се пресмета сезонски прилагодениот раст на БДП врз основа на податоците на квартална основа, ќе откриеме голема празнина (0,4 процентни поени) помеѓу водечкиот раст на БДП-то и сезонски прилагодениот раст на БДП. Како економисти ние секогаш ги претпочитаме сезонските прилагодени податоци на квартална основа, кои подобро ја покажуваат основната инерција на растот“, додава тој.

За 2016-та година властите во Пекинг се стремат кон раст на бруто домашниот производ во опсег помеѓу 6,5 и 7%. Во 2015-та година економијата порасна за само 6,9 отсто – најспоро темпо од четвртина век. Властите планираат да поттикнат конјуктура со државни инвестиции, даночна реформа и лабава монетарна политика.

Во првото тримесечје од 2016-та година беше забележан раст од 6,7 отсто на годишна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП