1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБРИКС го одврза кесето, доделени првите кредити

БРИКС го одврза кесето, доделени првите кредити

brics0money

Новата развојна банка БРИКС го одобри првиот пакет кредити, во вредност од 811 милиони долари, за четири проекти во Бразил, Кина, Јужноафриканската Република и Индија.

Проектите во овие земји се однесуваат на развојот на обновливите извори на енергија.

Одлуката за одобрување на првиот пакет кредити, кои ќе бидат исплатени во транши, ја донесе Одборот на гувернерот на Новата развојна банка на маргините на пролетното заседавање на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во Вашингтон, објави руската агенција РИА Новости.

Банката одлучи на Бразил да му одобри кредит од 300 милиони долари, на Кина кредит од 81 милион долари, на Индија 250 милиони долари, а на Јужноафриканската Република 180 милиони долари.

Според проценките на банката, проектите за развој на обновливите извори на енергија, со вкупен капацитет од 2,37 MW, би можеле да ја намалат емисијата на штетни гасови за четири милиони тони годишно.

Новата развојна банка ја основаа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република во јули 2015 година, со капацитет од 100 милијарди долари. Целта на оваа банка, со седиште во Шангај, е да ги финансира инфраструктурните проекти во земјите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП