2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиена Иншуренс Груп е новиот лидер на осигурителниот пазар во Македонија

Виена Иншуренс Груп е новиот лидер на осигурителниот пазар во Македонија

VIG_englisch_4C_CS3_Abstand

Виена Иншуренс Груп (ВИГ), водечката осигурителна групација во Централна и Источна Европа, која влезе на македонскиот осигурителен пазар преку Винер Осигурвање, објави дека е завршена трансакцијата за аквизиција на мнозинскиот пакет на Кјуби Македонија, со што групацијата и официјално се издигна на водечката позиција на македонскиот осигурителен пазар. Концернот купи 92,9 проценти од акциите со право на глас во Кјуби Македонија, обезбедувајќи над 20 проценти од пазарниот удел и позиционирајќи се како убедлив лидер помеѓу останатите осигурителни компании.

ВИГ е присутна на осигурителниот пазар во Македонија од 2009 година со Винер Осигурување, компанија која за мошне кратко време со извонредните резултати се позиционираше на врвот на домашниот осигурителен пазар.

„Покажавме дека знаеме да работиме на овие простори и мошне сме горди што со одличните резултати придонесовме нашата Групација да ги прошири сопствените инвестиции во Македонија. Деловната филозофија која Винер ја промовираше и која беше одлично прифатена од граѓаните и официјално станува водечка на пазарот, а тоа значи фер цени, беспрекорна услуга,  динамично решавање на штетите и нивна експресна исплата, сега уште подостапни за сите.“ – изјави во оваа пригода г-дин Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер Осигурување.

Инаку Винер Осигурување во измината 2012 година оствари спектакуларен пораст на профитот од извонредни 60%. Компанијата објави и дека во првиот квартал од 2013 година остварила рекордна полисирана премија од 245 милони денари, што е најдобар квартален резултат во нејзината историја. Истовремено Винер и официјално останува лидер во ефикасноста и брзината на решавање на штети, како компанија со убедливо најмал број нерешни штети. Со тоа продолжува континуираниот раст на компанијата, што сигрурно е еден од главните фактори за проширувањето на инвестициите на ВИГ на македонскиот осигурителен пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП