10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Технолошките компании во САД со најголеми офшор сметки

График на денот: Технолошките компании во САД со најголеми офшор сметки

apple brand

Штом излегоа првите податоци од т.н. „Панамски документи“ погледите се насочија кон големите бизниси и најсилните бизнис лица во светот. Во предвид откритијата за огромните парични средства чувани во офшор сметки и даночни засолништа од елитата, интересот за поголема транспарентност и полни откритија никогаш не бил посериозен, коментира „Statista“.

Последната епизода во оваа сага доаѓа благодарение на „Oxfam America“ која ги анализира даночните афери на 50-те најголеми компании во САД. Организацијата доставува податоци за такви аспекти како трошоците за лобирање, профитот од федералните и спасувачките заеми и, се разбира, парите во офшор сметки.

Од 21 компанија со најмногу средства во офшор сметки, 8 се со технолошки фокус, а „Apple“, „Microsoft“ и „IBM“ се во топ 5. „Apple“ има најмногу средства во офшор сметки, наспроти сите компании – со неверојатни 181,1 милијарди долари. Графиконот, изготвен од „Statista“, ги покажува 8-те технолошки компании од гледна точка на нивните пари во офшор сметки и нивната „ќерки“ компании регистрирани во даночните засолништа.

ofsor kompanii 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП