4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција едвај ја избегна рецесијата, растот анемичен

Франција едвај ја избегна рецесијата, растот анемичен

francija2

Француската економија во првото тромесечие едвај ја избегна рецесијата, покажуваат проценките на централната банка, иако податоците за работењето и трговијата и понатака укажуваат на тешкиот пат кон закрепнувањето.

Банката проценува дека 2.000 евра вредната француска економија во првите три месеци од оваа година, се зголемила за 0,1 проценти, со што ја потврди претходната проценка.

Ако официјалните податоци во мај дефинитивно ја потврдат таа проценка, Франција едвај ќе ја избегне третата рецесија од финансиската криза во 2008 и 2009 година. Во последниот квартал од минатата година, активностите во оваа земја беа намалени за 0,3 проценти.

Редовното истражување на деловната клима од страна на банката, врз кое се темели и прогнозата за економскиот раст, покажа дека изгледите за економскиот раст во наредниот период се „анемични“, бидејќи производниот и услужниот сектор известија за пад на активностите во март.

Компаниите се притиснати од слабата домашна побарувачка, бидејќи потрошувачите се внимателни во трошењето во контекст на стапката на невработеност од 10,6 проценти.

Странската побарувачка не успева да ја надокнади слабата домашна побарувачка, покажуваат објавените податоци.

Извозот е намален за 1,9 проценти во однос на претходниот месец, додека увозот е намален за 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП