28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОпасната игра на Porsche

Опасната игра на Porsche

opasna igra 00

Во март компанијата „Porsche“ ги објави најдобри финансиски резултати во својата историја. Приходите и профитот на германскиот производител се зголемија само за година за 25%. Експертите од „Business Insider“, сепак забележуваат тренд кој во наредните години може да одигра многу лоша шега на брендот.

Во 2013-та година „Porsche“ изјавува 19% маржа (разликата помеѓу вредноста на производот при неговото производство и онаа на која е продаден). Година подоцна тој е 18%, а во 2015-та година – 16%. Маргина е меѓу најдобрите во автомобилската индустрија и таа ја прави компанијата една од најуспешните во последно време.

Генерално брендот е најпознат по своите спортски автомобили, но двата најпопуларни модели се кросоверите „Cayenne“ и „Macan“. На нив отпаѓаат 68% од продажбата во 2015-та година. Од вкупно 225.000 продадени автомобили 80 илјади се „Macan“, а 73 илјади од моделот „Cayenne“.

opasna igra 01

Токму најголемиот интерес за овие два модели се претвора во меч со две острици за „Porsche“. За повеќето производители продажбата на „SUV“ се најсигурен извор на високи профити. Проблемот кај Германците е дека нивната почетна цена е пониска од онаа на следните два модели во гамата – „911“ и „Panamera“.

Општо земено – колку е поевтин автомобил профит од него соодветно е помал. Во случајот „Porsche“ има предноста да биде дел од концернот „VW Group“ и да располага со неговите технологии. Така може да биде заштедена сериозна сума од развој на даден модел.

Во „Porsche“ сепак ситуацијата е поинаква. Примерот со „Macan“ е доста индикативен – тој се потпира на платформата на „Audi Q5“, но генерално 70% од неговите компоненти се различни. Меѓу нив се скапиот би-турбо „V6“ мотор, менувачот со две спојки „PDK“, како и инфо-забавниот систем.

opasna igra 02

„Macan“ излегува на пазарот со цени повисоки од оние на „Cayenne“ при своето деби пред 14 години. Во САД помалиот кросовер стартува од 52.600 долари, но реално продажбата се спроведува за околу 60.000 – 62.000 долари. За „Cayenne“ стартната цена е 58.300 долари, но по додавање на додатоците износот обично надминува 70 илјади долари.

Во исто време седанот „Panamera“ стартува од 78.100 долари, но речиси секогаш го напушта изложбениот салон за сума од 90.000 до 100.000. Кај „911“ основната варијанта чини 89.400, но и таму продажбите се реализираат по цени над 100.00 долари.

Се разбира, има и верзии на „Cayenne Turbo S“, кои се приближуваат до 200.000 долари. Кај „Panamera Exclusive Series“ цените стартуваат од 263.900 долари, а кај „911 Turbo S Cabriolet“ од 200.040 долари.

opasna igra 03

Генерално, сепак пред излегувањето на „Macan“ во „Porsche“ успеваа да ја одржуваат просечната цена во опсег на моделите во редот на 90.000 – 100.000 долари. По појавата на кросоверот таа падна на 85.000 – 95.000 долари. Сепак има опасност да се намали уште по појавата на верзија на малиот кросовер со 4-цилиндричен мотор кој ќе биде со уште подостапна цена.

На прв поглед тоа не дава одраз, но токму намалувањето на маржите крие некои стапици. Основната е дека за да ги постигнува истите добивки „Porsche“ ќе треба да продава се повеќе и повеќе автомобили. Во моментов тоа не е проблем, компанијата се справува одлично. Но ако одеднаш дојде до пад на економијата, работите може да се влошат.

opasna igra 04

Само пред неколку години на „Porsche“ им требаше да продадат две „911 S“, за да генерираат приход во рамките на 250.000 долари. Сега за истото треба три „Cayenne“ или четири „Macan“. Се разбира, пазарот на „SUV“ модели е поголем од оној на спортските автомобили. Но пак 3 или 4 трансакции кријат доста повеќе ризици од две.

Тоа е опасна игра која засега во „Porsche“ се среќни што ја играат, но еден ден не се знае. Особено ако интересот за кросовери одеднаш се намали, категорични се експертите на „Business Insider“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП