28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на претставата „Жените на Џејк“

Премиера на претставата „Жените на Џејк“

zenite-xejk

Младинско драмско студио – театар „Чин 4 Сцена 5”, во понеделник, од 20 часот премиерно ќе ја прикаже претставата „Жените на Џејк” по текст на Нил Сајмон, во режија на Борче Василески.

Претставата е психолошка драма која во голема мера го отсликува самиот живот на авторот велат од МДС.

„Се зборува за шест жени кои преку начините на кои му ја искажуваат својата љубов, го излудуваат Џејк“, потенцираат младинците, додавајќи дека се работи за урнебесна комедија.

Во претставата играат Борче Василески, Емилија Чавлеска, Деспина Јосифоска, Сара Спиркоска, Надица Дојкоска, Евгенија Јакимоска и Викторија Цветаноска.

Костимографија е на Емилија Чавлеска и Ева Тумановска, сценографијата ја изработија Александар Пижов и Александар Цветаноски, додека изборот на музиката е на  Марио Стојаноски и Борче Василески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП