20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајпрофитабилната валута во 2016 година

Најпрофитабилната валута во 2016 година

16749412485712136a82532732495630_w640

Економистите пресметале дека замбиската квача успеала да ги прескокне, според темпото на развој, останатите светски валути.

Оваа валута по своето поскапување успеала да ги надмине и благородните метали, како на пример златото.

Економската агенција Блумберг соопшти дека најпрофитабилна валута во 2016 година стана замбиската квача.

Според оценките на експертите на оваа агенција, квачата според темпо на раст ги прескокнала останатите 150 светски валути.

Од почетокот на годината, националната валута на Замбија, вториот по големина производител на алуминиум во Африка, пораснала во однос на доларот за 19,9 проценти. За споредба, цената на златото се зголемила за 16,3 проценти.

Ваквиот успех на квачата се должи на растот на цената на алуминиумот. Минатата година, замбиската валута паднала за 42 проценти, со што влегла во тројката најслаби валути за 2015 година, додека денес економистите забележуваат неjзин скок, прогнозирајќи и понатамошен раст за уште неколку проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП