20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога пазарите да очекуваат нови иницијативи од ЕЦБ?

Кога пазарите да очекуваат нови иницијативи од ЕЦБ?

dr 000

Веднаш штом ќе се врати од својот летен одмор, Марио Драги ќе пристапи кон нови мерки за стимулирање на растот во еврозоната. Ова е заклучокот од истражувањето на „Bloomberg“ направено од 47 аналитичари.

Иако секој пакет без преседан, прогласен на претходниот состанок на Европската централна банка во почетокот на март, 60% од испитаниците сметаат дека ќе има продолжение. Според нив најверојатниот датум за нови мерки за стимулации е 8-ми септември. Некои економисти сметаат дека уште во јуни може да има акција од страна на ЕЦБ. Меѓутоа, не се очекуваат мерки на седницата што ќе се случи оваа недела.

dr 001

Без драстична промена во економската политика во еврозоната постои ризик обновата да остане недоволна за да ја охрабри инфлацијата до посакуваните нивоа од околу 2%. Поради тоа се зголемуваат очекувањата дека Марио Драги и неговиот тим ќе треба да интервенираат повторно.

„Економскиот раст и растот кај платите во еврозоната остануваат слаби и во блиска иднина“, вели Фабијан Фриц, економист во „Collineo Asset Management“ во Дортмунд.

Во говорот во Вашингтон минатата недела, Драги повтори дека е клучно најниската инфлациска средина да не се задржи подолго време и да не се дојде до секундарни ефекти врз платите и потрошувачките цени. Минатиот месец „Евростат“ забележа нулта инфлација во еврозоната, потсетува „Bloomberg“.

Стравувањата на Драги изгледа натежнуваат над оптимизмот на инвеститорите. Во истражувањето пред седницата на 10-ти март повеќето експерти велеа дека намалувањето на каматата и проширувањето на обемот, купувањето средства ќе бидат доволни. Во актуелното истражување две третини од анкетираните кои сметаат дека ќе има нови мерки, велат дека тие ќе дојдат во следните пет месеци. Сите економисти со исклучок на еден, сметаат дека ЕЦБ ќе го продолжи рокот на програмата и по март 2017-та година.

dr 002

36% од нив сметаат дека банката ќе ја намали уште повеќе својата депозитна камата која во моментов е на ниво од -0,4%. Економистите сметаат дека нема особено многу простор за маневри во овој случај и дека наскоро ограничувањето на намалувањето ќе се достигне. Според мнозинството оваа граница е -0,5 отсто и 62% прогнозираат дека ако дојде до таму, ЕЦБ ќе воведе исклучоци, за да се заштити банкарскиот систем.

Што се однесува до т.н. „хеликоптерски пари“, истражувањето на „Bloomberg“ покажува дека нема да дојде до таква се уште контроверзна форма на стимуланси. 93% од испитаниците не очекуваат ЕЦБ да преземе такви мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП