30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрај на една ера - „ставање точка“ на даночните раеви?

Крај на една ера – „ставање точка“ на даночните раеви?

danocni raevi 33

Водечките светски економии на состанокот на „Г20“ усвоија мерки против затајување даноци и перење пари ширум светот. Тоа ќе ги спречи сторителите да се кријат зад анонимните фиктивни компании.

Министрите за финансии на „Г20“ на состанокот во Вашингтон ги поддржаа предлозите со кои од властите се бара да го објават индентитетот на вистинските соптвеници на фиктивните компании.

Исто така го поддржаа и формирањето на „црната листа“ на меѓународните „даночни раеви“ кои не соработуваат со програмите за размена на информации.

Министрите за финансии од државите членки на „Г20“ и гувернерите на централните банки во соопштението наведоа дека е транспарентност кога станува збор за индентитетот на соптвениците на компании, доверителните фондови и фондации, „клучна за заштита на интегритетот на меѓународниот финансиски систем“.

„Тоа е важно со цел да се спречи злоупотреба на таквите лица и ангажманот за коруција, затајување на даноци, финансирање на тероризмот и перењето пари“, стои во соопштението.

Петте водечки европски држави најавија дека ќе започнат борба против даночните раеви, повикувајќи ги големите сили од групата „20“ да „стават точка“ на тајноста на фиктивните компании кои овозможуваат затајување на данок и перење пари, по аферата со т.н. „Панамски документи“.

Во досега најсилната реакција на таа афера, во која во јавноста протекоа 11,5 милиони доверливи документи кои содржеле детални информации за 214.000 офшор компании, министрите за финансии на Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија предложија формирање на „црна листа“ на даночни засолништа, како што е Панама, доколку тие држави не се согласат за размена на податоците за корпорациите.

Во писмото доставено до членките на „Г20“, петте европски министри за финансии предложија креирање на трансакциски регистар кој ќе ги идентификува сопствениците на компаниите, фондациите и другите лица, кои успеале да се скокријат од даночните власти и имплементацијата на законите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП