5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПропадна италијанскиот референдум против офшор платформите

Пропадна италијанскиот референдум против офшор платформите

italija-referendum

Италијанскиот референдум чија цел беше да се запрат офшор платформите на индустријата на нафта и гас во непосредна близина на брегот одржан во неделата, пропадна поради недоволниот одѕив на гласачите, покажаа првите официјални резултати.

Резултатот претставува олеснување за премиерот на левоцентристичката влада Матео Ренци, кој ги повика гласачите да не излегуваат на референдумот, оценувајќи дека е непотребен и е штетен за италијанската економија.

Излезноста на гласањето кое траеше од 7 часот до 23 часот изнесувала околу 32 отсто, според прелиминарните резултати коишто ги објави Министерството за внатрешни работи, а тоа е значително помалку од 50 проценти плус еден глас потребни за референдумот да биде валиден.

Многу коментатори претходно оценија дека формулацијата на референдумското прашање коешто го наметнува изгласувањето на „да“ доколку гласачот е против, би можело да ги збуни многумина кои ќе искочат на избирачките места.

Референдумското прашање беше дали треба владата да го запре издавањето дозволи за офшор дупчењата, односно истражувањата на наоѓалишта на нафта и гас во морето во подрачјето до 22 километри од брегот.

Веќе со седмици трае расправаа меѓу заштитниците на природната околина, деловниот свет и владата, околу прашањето колку време нафтените компании може да црпат нафта и гас од морето, на крајбрежните платформи, на црпките сместени на помалку од 12 наутички милји, односно 22 километри, од италијанските плажи.

Неуспехот на референдумот сега треба да им овозможи на нафтените компании, во прв ред на италијанската енергетска компанија Eni да ги користи наоѓалиштата до нивното целосно исцрпување, како што предвидува новиот закон кој стапи на сила во јануари годинава.

Доколку победеше изјаснувањето со „да“, пак, тоа ќе значеше укинување на законот и враќање на ограничената експлоатација во траење предвидено со концесијата која истекува, зависно од локацијата, меѓу 2018 и 2034 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП