2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДва месеци нема да има воз за Белград од Македонија

Два месеци нема да има воз за Белград од Македонија

vozinela

Во следните два месеци, меѓународните возови од Македонија, кон Белград нема да сообраќаат, соопштија Македонски железници, поради работи на пругата.

Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград – Скопје и обратно, од понеделник, 18 април до 18 јуни 2016 нема да сообраќаат, соопшти Македонски железници Транспорт а.д. Скопје.

Двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување градежни работи на железничката линија на територијата на Србија, на делницата Ниш – Прешево – државна граница на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП