6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија нема да го замрзне производството на нафта

Саудиска Арабија нема да го замрзне производството на нафта

iol

Саудиска Арабија нема да го ограничи производството на нафта, ако другите производители, меѓу кои и Иран, не се договорат за замрзнување на производството на тој енергенс.

„Ако најголемите производители не го замрзнат производството, ни ние нема да го направиме тоа. А ако не го замрзнеме производството, ќе ја продаваме нафтата на секој начин што ни е достапен“, вели вториот наследен принц и министер за одбрана на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман, пренесе агенцијата

Принцот вели и дека на Саудиска Арабија за успешен развој не и се потребни високи цени на нафтата.

„Растот на цената од 60 на 70 долари за барел ќе биде силен поттик за развој. Но, тоа не е моја борба. Тоа е работа не оние кои имаат проблем поради ниските цени на нафтата“, додава бин Салман, кој вели дека неговата земја има програми за развој кои не зависат од цената на нафтата.

Според агенцијата, Салман претходно навел дека неговата земја произведува 10  милиони барели нафта дневно, а може веднаш да зголеми на 11,5 милиони, а за шест до девет месеци и на 12,5 милиони барели.

Русија, Саудиска Арабија, Катар и Венецуела, на состанокот во Доха на 16 февруари договорија производството на нафта во текот на 2016 година да се одржува на нивото од јануари, за да се одржат цените на исто ниво.

Услов за остварување на договорот е и другите земји да го прифатат иницијативата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП