10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 нешта со кои ќе оставите позитивен впечаток кај вашиот шеф

10 нешта со кои ќе оставите позитивен впечаток кај вашиот шеф

rabotnik-ra

Доаѓате први, си одите последни, учествувате во сите проекти… но ви се чини дека никој не го цени вашиот труд. Дали тоа е доволно да ги импресионирате и најпребирливите шефови? Дознајте кои се 10-те совети кои ви гарантираат успех.

1. Заштедете и пари на фирмата

Работодавците се под голем финансиски притисок. Ако предложите одредени стратегии како фирмата да заштеди пари, ќе му покажете дека ви е важен успехот на компанијата.

2. Искористете ги неговите слабости

Анализирајте го вашиот шеф. Утврдете во кои области од работата е најслаб и искористете го тоа. Не е добар говорник? Предложете му вие да ги водите состаноците. Лош е со бројките? Понудете се. Кога гледа дека вие со леснотија ги вршите работите во кои тој не се снаоѓа, ќе ве гледа како некој без кој не може да функционира.

3. Не се срамете да го кажете своето мислење

И покрај врежаното мислење, надредените не сакаат кога сите секогаш се согласуваат со нивното мислење. Ако на состанокот каже одредена идеја која вам не ви изгледа најпаметна, слободно кажете дека не се согласувате. За тоа е потребно храброст, но тој ќе ве почитува за тоа.

4. Научете работи кои не се поврзани со вашата работа

„Мојата работа е да се јавувам на телефон и да закажувам состаноци, но иако тоа не е мојa работа, ќе научам некои работи за производите кои ги нудиме и шефот ќе се ослони на мене кога ќе има потреба од тоа“ – вели искуството на една секретарка.

5. Ако задачата е претешка за вас, признајте

Шефот едноставно сака работата да биде добро завршена и немојте да се преправате дека нешто знаете да направите, ако всушност немате идеја. Тоа ќе ви донесе само проблеми.

6. Прифатете ја критиката

Ако ве критикуваат, не се бранете. Наместо тоа прифатете ја критиката, заблагодарете се на шефот за тоа, и прашајте го на кој начин можете да станете подобри во тоа што го работите.

7. Сугерирајте му ги своите идеи кога му праќате мејлови

Немојте да му праќате мејлови со коментар „ова треба да го проверите“. Наместо тоа, во две реченици сумирајте му за што се работи и кажете му свои идеи во врска со тоа. Вашиот шеф ќе бие повеќе мотивиран да прочита за што се работи.

8. Не си ги земајте заслугите само за себе

Кога шефот ќе ве пофали за добро сработената работа, пофалете ги и вашите колеги кои ви помогнале. Така ќе му покажете дека работите тимски и дека се грижите за целиот тим а не само за себе.

9. И вашиот шеф има свој шеф

Помогнете му и тој да изгледа добро во очите на неговиот надреден. Ако се подготвува за состанок, помогнете му околу презентацијата. Ако неговиот шеф е воодушевен од идејата која е всушност ваша, препуштете му ги заслугите за неа. Вашиот шеф ве гледа како сојузник, и сигурно ќе ви врати на услугата.

10. Обрнете внимание на детали од неговиот личен живот

„Се трудам да ги запомнам не само имињата на сопругата и децата на шефот, туку и важните датуми во неговото семејство, како родендените, годишниците… На тој начин тој ќе види дека обрнувам внимание на деталите“ советува една службеничка во банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП