17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку штедат домаќинствата во светот?

График на денот: Колку штедат домаќинствата во светот?

zasteda 00

Global Finance Magazine“ неодамна објави напис за процентот на заштеди на домаќинствата во светот во 2015-та година, користејќи ги податоците на Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД). Заштедите на домаќинствата според дефиницијата на „Global Finance Magazine“ се „разликата помеѓу приходите со кои располага дадено домаќинство (плаќање, приходи од претприемништво и нето приход од имот) и потрошувачката (трошоците за стоки и услуги)“.

Врз основа на овие податоци „HowMuch.net“ изготвува визуелизација на процентот на заштеди на домаќинствата во светот, споредувајќи 25 земји. Големината на земјата на картата е во зависност од процентот на заштеди. Колку поголеми се земјите толку поголем е нивниот процент.

Државите се обоени во согласност со нивниот „БДП“ по глава на жител во однос на паритетот на куповната моќ, врз основа на оценките во извештаите на американското „ЦИА“. Користејќи ги информациите за „ППС“, земјите можат да се споредат спрема нивните различни валути. Врз основа на податоците највисокиот процент на заштеда е 17,8%, а најнизок е -4,1%. Покрај тоа највисокиот „БДП“ по глава на жител е 102.900 долари, а најнизок – 26.000 долари.

Земјите со највисок процент на заштеди се Швајцарија (17,82%), Луксембург (17,34%), Шведска (15,83%), Германија (9,55%) и Унгарија (9,02%).

Земјите со највисок „БДП“ по глава на жител се Луксембург (102.900 долари), Норвешка (68.400 долари), Австралија (65.400 долари), Швајцарија (59.300 долари) и САД (56.300 долари).

zasteda 02

Земјите со најниска стапка на заштеда се Данска (-4,06%), Финска (0,82%), Јапонија (2,42%), Шпанија (2,88%) и Естонија (2,93%).

Земјите со најнизок „БДП“ по глава на жител пак се Унгарија (26.000 долари), Полска (26.400 долари), Естонија (28.700 долари), Словачка (29.500 долари) и Словенија (30.900 долари).

Податоците покажуваат дека не е задолжително една земја да има највисок „БДП“ по глава на жител, за да има и највисок процент на заштеди. Унгарија пример има повисок процент на заштеда од Норвешка, Австралија, САД и Ирска, иако секоја од овие земји има двојно поголем „БДП“ по глава на жител од Унгарија. Всушност „БДП“-то на Швајцарија, која има највисок процент на заштеда од сите 25 земји, е речиси два пати помал од највисокиот на картата, кој е на Луксембург. А Данска, чиј „БДП“ по глава на жител е 45.800 долари, има негативен процент на заштеда: -4,06%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП