21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ-20 ги затегнува мерките против даночните раеви

Г-20 ги затегнува мерките против даночните раеви

g20 vashington 33

Г-20 предупреди дека подготвува казни против земјите од типот „даночен рај“, ако не споделуваат информации за банкарски сметки. Оваа изјава е испровоцирана од информациите кои се појавија околу постоењето на офшор сметки и компании, пишува „Bloomberg“.

Министрите за финансии на земјите од организацијата и централните банкари го направија своето предупредување за време на состанокот во Вашингтон.

Групата ќе работи со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за изготвување на критериуми кои ќе им овозможат да бидат идентификувани „јурисдикциите кои не сакаат да имаат соработка“. Тие треба да бидат готови до јули и ќе ја подобрат транспарентноста за контрола на даночните субјекти, што е од витално значење за финансискиот систем.

Појавувањето на информациите за офшор компании и сметки предизвика вистински бура насекаде во светот, забележува „Bloomberg“.

Откритијата покажаа дека политичари, познати и бизнисмени ги чуваат своите пари во „рајските даночни дупки“. Во многу земји владите мораа да се активираат и да предложат мерки против даночното затајување и перење пари, за да си ја вратат довербата на општеството.

Дел од барањата кои ги поставува ОЕЦД кон офшор зоните е тие да споделуваат информации на годишна основа за нивните банкарски системи, вклучувајќи да има и даночни броеви на сопствениците на сметки.

Во својата порака министрите за финансии и централните банкари од Г-20, исто така рекоа дека ќе ги користат сите опции – монетарни, фискални и структурни реформи за да го стимулираат растот на економијата. Тие посочија повторно дека само монетарната политика не е во состојба да обезбеди балансиран раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП