27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНационалниот долг на Шпанија надминува 100 проценти од БДП

Националниот долг на Шпанија надминува 100 проценти од БДП

shpanija6

Националниот долг на Шпанија е зголемен за 11 милијарди долари во месец февруари, во споредба со 5,5 милијарди долари во истиот период во 2015 година, објави денес Банката на Шпанија.

Во соопштението се наведува дека националниот долг ја надминал границата од 100 проценти од бруто домашниот производ и достигнал 1,22 трилиони долари.

Моменталното ниво на задолженост на Шпанија е најголемо од 1910 година.

На средината на февруари, премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, апелираше Брисел да „покаже флексибилност“ во своите барања кои се однесуваат на буџетскиот дефицит.

Шпанија во 2015 година имала буџетски дефицит од 5,16 проценти од бруто домашниот производ.

Според правилата на еврозоната, секоја членка мора да го сведе буџетскиот дефицит под границата од 3,0 проценти од БДП или во спротивно следува казна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП