3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија и Кипар во рецесија и во 2014

Шпанија и Кипар во рецесија и во 2014

recession1

Шпанската економија, која е далеку од излезот од рецесијата која настана во 2012 година, поради падот на бруто домашниот производ (БДП) од 14 проценти, оваа година ќе доживее забавување на економските активности од 1,9 проценти.

Тоа забавување ќе продолжи и во 2014 година, кога, според последните прогнози на британската HSBC банка, ќе се намали за 0,2 проценти, пренесуваат шпанските медиуми, така, Шпанија, заедно со Кипар ќе останат единствени земји членки на еврозоната кои и во наредната година ќе бидат во рецесија.

Според податоците на HSBC кипарската економија оваа година ќе се намали за 3,5 проценти, а во наредната за 1,3 проценти.

„Острите мерки за штедење ја загрозија побарувачката и јавната потрошувачка, поради што, шпанската економија во моментов се наоѓа на седмото место под максималните вредности од почетокот на 2008 година“, наведуваат аналитичарите HSBC.

Шпанската влада проценува дека темпото на пад на економијата ќе се намали во 2013 година, „но ние сме далеку повеќе песимистични“, признаваат аналитичарите. Шпанскиот јавен долг, според HSBC, може да продолжи да расте, па по растот од минатата година на 88,5 проценти од БДП, оваа година би можел да се зголеми на 94 проценти, а потоа и на 99,5 проценти.

Како што наведува HSBC, Шпанија оваа година ќе го намали буџетскиот дефицит на 5,5 проценти од БДП, и на 4,5 проценти во 2014 година, додека невработеноста ќе се зголеми на 27,2 проценти во 2013, а наредната година на 27,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП