10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМеѓународен јубилеј на Сервантес во МГС

Меѓународен јубилеј на Сервантес во МГС

jubilejos

Значајниот љубилеј 400 години од смртта големиот шпански литературен гениј Мигуел де Сервантес се одбележува од петокот во Музејот на Град Скопје (МГС) во соработка со амбасадата на Шпанија во Скопје.

Денеска во Салонот 1 на Музејот на град Скопје со заедничка прес-конференција на амбасадата на Шпанија Музејот на Град Скопје го започнаа одбележувањето на јубилејот, за што говореа директорот на Музејот на град Скопје д-р Љубен Тевдовски, амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Д. Рамон Абароа Каранца и авторот на изложбата нсловена „Страдањата на Дон Кихот“, професорот и академски уметник Владимир Георгиевски.

„Токму на 15-тити април, меѓународниот ден на уметноста, со мојот драг пријател почитуваниот амбасадор Каранца и многу почитуваниот професор Георгиевски решивме да ја започнеме во Македонија меѓународната комеморација 400 години на шпанскиот и европски литературен гениј Сервантес“, нагласи Тевдовски.

Амбасадорот Каранца се заблагодари на музејот за, како што нагласи, прекрасната изложба со која ја вклучи Македонија на меѓународната карта на прослави на Сервантес и неговото дело, а градот Скопје го вброи меѓу светските метрополи кои ја прославуваат и споделуваат уметноста.

Изложбата „Страдањата на Дон Кихот“ од Владо Георгиевски официјално беше отворена во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП