29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолема трансакција на Македонска берза

Голема трансакција на Македонска берза

makedonska-berza

Во петокот трговскиот ден го одбележа тргувањето со акциите на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово (ЦЕВИ).

Имено, Фондот за пензиско и инвалидско осигурвање на Македонија (ПИОМ) продаваше 28.380 приоритетни акции од ЦЕВИ, по цена од 394 денари. Станува збор за пакет кој се продаваше по моделот „сé или ништо“ надвор од класичното тргување кои претставува 5,78 отсто од основната главнина на друштвото

Во рамки на класичното тргување, денот помина без изненадувања. Промет над милион денари немаше со ниту една хартија, при што и двата индекса МБИ10 и ОМБ забележаа пад на вредностите од 0,28 отсто и 0,50 отсто соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП