27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа под 43 долари, се чека исходот од Доха

Цените на нафтата паднаа под 43 долари, се чека исходот од Доха

nafta555

Цените на нафтата паднаа во петокот под нивото од 43 долари за барел во слабото тргување на меѓународните пазари, со процени на аналитичарите дека состанокот на водечките извозници викендов нема во кус рок да резултира со намалување на прекумерното глобално снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барел сирова нафта падна за 90 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 42,94 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 85 центи пониска цена отколку во четвртокот, од 40,65 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во петокот објави дека цената на барелот референтна кошница нејзина нафта во четвртокот изнесувала 38,58 долари, што значи дека паднала за 33 центи во однос на претходниот трговски ден.

Произведувачите на нафта, предводени од водечките извозници Саудиска Арабија и Русија, ќе се сретнат во недела во престолнината на Катар за да разговараат за замрзнувањето на производството во близина на сегашните нивоа во рамките на настојувањата да се заузди прекумерната понуда, која во моментов ја надминува побарувачката за 1,5 милиони барели дневно. Трговците се изјаснија дека не се наклонети да заземаат нови позиции во пресрет на состанокот.

„Се објавуваат подготовки за договорот кој веројатно ќе го исклучува Иран, а можеби и Либија. Иако веројатно неговото влијание на физичкиот пазар ќе биде скромно, самото постигнување на договорот би претставувало важна психолошка промена при одредувањето на цените на нафтата“, објави во своите белешки за клиентите инвестициската банка „Jefferies“.

Аналитичарите притоа предупредуваат дека разговорите меѓу производителите ќе бидат фокусирани на замрзнување а не на намалување на производството, што значи дека нема премногу надежи за усогласување на ставовите за намалување на преголемата понуда. Токму поради заситеноста на пазарите, цените на нафтата од средината на 2014 година потонаа за дури 70 отсто.

„Состанокот во Доха не ја менува значително ситуацијата на пазарот“, констатираат во банката „Barclays“. Според нивната процена, договорот би можел да спречи уште подлабок пад на цените, наместо во позначителна мерка да ги поткрепи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП