25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрување на енергетската ефикасност преку заеднички македонско-грчки проект

Подобрување на енергетската ефикасност преку заеднички македонско-грчки проект

efi

Третиот работен состанок во рамките на проектот „Енерџинет“ финансиран од Европската унија, се одржа во петок во просториите на Општина Прилеп.

На состанокот учествуваа партнерите кои го спроведуваат проектот од Република Македонија и Република Грција, Општините Велес и Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески посочи дека проектот „Енерџинет“ е прв од овој вид во прекугранична соработка помеѓу двете земји и е добра основа на која сите учесници во иднина ќе можат да се потпрат при имплементацијата на проекти од енергетската ефикасност, но и можност за соработка со која постои отворена опција во иднина да се започне со нови проекти.

Проектот за енергетска ефикасност е во висина од 760 илјади евра, кои ќе бидат распределени меѓу петте општини. Освен план за одржлива енергија, во секоја од општините ќе се отворат и енергетски канцеларии, од каде тие ќе црпат информации од областа на енергетската ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП