29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен „Codefest 2016“

Отворен „Codefest 2016“

code fest

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска го отвори 4-от по ред ‘Codefest 2016’,  што претставува технолошки настан во организација на Здружението за развој Стартап зона Охрид,  кој ќе трае до 17  април.

Арсовска Томовска истакна дека во изминатите години во Република Македонија е создаден добар екосистем кој опфаќа солидна информатичко-комуникациска инфраструктура, едуцирани и талентирани млади луѓе и растечка претприемачка култура, нагласувајќи дека одличната бизнис клима всушност е нашата предност како држава.

„Со нашата растечка економија и лесен пристап до европските пазари, успешните пилот проекти можат брзо да бидат проширени и во европските земји”, рече Арсовска Томовска.

Според неа, за да обезбедат развој на технолошките иновативни стартап компании, претприемачите од земјава и регионот можат да ги искористат партнерите и ресурсите кои се присутни тука.

„Ќе го спомнам Фондот за иновации, кој соработува со компаниите, универзитетите, инкубаторите и акцелераторите да им помогне на стартап-ите од различните индустрии и различните фази на зрелост. Тука се и менторите, банките, бизнис ангелите, домашните и светските технолошки компании, ИТ факултетите и државните институции, сите заедно здружени со единствена цел – да создадеме успешни компании и да креираме работни места. Да го препознаеме талентот уште во зародиш и да му обезбедиме околина во која ќе расте и ќе се развива”, потенцираше Арсовска Томовска, прогласувајќи го настанот за отворен.

Codefest  опфаќа три случувања: Конференција (Codeference),  каде предавачи и панелисти од земјава и странство  ќе имаат свои обраќања на теми поврзани со технологијата, иновациите, дигиталниот маркетинг и стартапи. Вториот настан е Codefest Marathon односно маратонско кодирање коe ќе трае вкупно 32 часа во континуитет, а третото случување е CF X – Business Expo – изложбено експо за претставници од ИТ бизнис секторот и образовните институции, со цел да им се даде можност за нивно презентирање, остварување на бизнис соработка и директна регрутација на таленти кои ќе учествуваат на конференцијата и маратонот.

Настанот е поддржан од програмата за зголемување за пазарната вработливост ИМЕ, која е програма на швајцарската агенција за развој и соработка SDС, имплементирана од водечкиот партнер SWISContact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП