26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворање на изложба од Јана Манева – Чупоска во Прилеп

Отворање на изложба од Јана Манева – Чупоска во Прилеп

slika 3000

Денеска во 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп, ќе биде отворена изложбата ,,Портретни сеќавања,, од Јана Манева Чупоска.

Уметницата Јана Манева – Чупоска родена е во Скопје, а дипломира сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на проф. Симон Шемов.

Назначена е за декан на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ, Скопје.

Има организирано повеќе самостојно изложби, а учествувала и на бројни групни изложби.

Како ликовен уметник, Јана Манева-Чупоска постојано, систематично и со забележителен успех изненадува со своите дела, било тоа да се надоврзувања од нејзините претходни творечки фази, или пак да се почеток на нова етапа, каков што е случајот со најновата нејзина изложба насловена како „Портретирани сеќавања“.

Портретот, или тој визуелен запис со човечки лик, обврзува на веродостојно прикажување на нашите (човечки) состојби и мигови. Сеќавањата пак, или, со други зборови – акумулираната човечка меморија почиваат на фрагментирани алузии, пориви, емоции, аудиовизуелни мембрани и рефлексии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП