19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонија за првпат дел од официјалната програма на Канскиот Филмски Фестивал

Македонија за првпат дел од официјалната програма на Канскиот Филмски Фестивал

kan 356

Преку Сестри и Брат Митевски Продукција, Македонија учествува во најновиот филм на Кристи Пуиу, „Сиера Невада“, филм што го носи на Македонија првото учество во главната програма на Канскиот Филмски Фестивал.

„Како продуцент, морам да посочам дека ова е еден од моите најголеми успеси. Но, пред се, ова е голем ден за македонската кинематографија. Нема автор или продуцент, актер, филмски професионалец, кој не посакува да биде во Кан, во која било програма. На жалост, Кан многу малку знае за нашата кинематографија, и со овој успех, со оваа копродукција сметам дека пополека ќе започне да ни се отвара и Канската врата“, изјави Лабина Митевска.

„Сиера Невада“ е копродукција помеѓу Романија, Франција, Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а поддржан е и од Еуримаж. Францускиот ко-продуцент е една од највлијателните продуцентски куќи Wild Bunch. Ова филмско остварување е поддржано како малцински проект од страна на Агенцијата за Филм на Република Македонија со 5.000.000 денари.

Целиот буџет на филмот е 1.300.000 евра. Романската кинематографија во последната деценија бележи неверојатен подем. Годинешното канско издание има два филма во официјална натпреварувачка конкуренција и еден во престижната Извесен Поглед – Un Certain Regard.

Од македонска страна учествуваа  извонредни професионалци, Иво Бару како како втор асистент на режија, Мојца Горгоранц-Петрушевска како автор на шминка, Анастас Георгиев во секцијата на звук заедно со Александар Ѓорѓевич, Горјан Атанасов, како и помала техничка екипа.

„Сиера Невада“, зборува за еден фамилијарен собир. Преку инволвираноста во оваа фамилија на многу директен начин се отвараат многу интересни аспекти и теми од животот во Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП