17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпански министер поднесе оставка заради „Панамските документи“

Шпански министер поднесе оставка заради „Панамските документи“

spa-mini

Шпанскиот министер за индустрија, енергетика и туризам, Хосе Mануел Сориа, поднесе во петок оставка по полемиката што настана во Шпанија околу неговата наводна вклученост во ‘офшор’ компании откако беа објавени „Панамските документи“.

Телевизиската станица La Sexta и интернет весникот El Confidencial информираа во понеделник дека името на министерот се појавува во документацијата на панамската канцеларија Mossack Fonseca, каде што бил наведен како управител на компанијата UK Lines Limited, регистрирана на Бахамите и затворена во март 1995 година.

Сориа потоа свика прес конференција и ја демантираше поврзаноста со таа компанија, како и со било какво даночно засолниште на Бахамите, Панама или на друго место во светот.

Дневниот весник El Mundo објави во четврток дека Сориа и неговиот брат користеле една компанија во Џерси, остров меѓу Франција и Англија, од 1993 до 2002 година, кога тој беше градоначалник на Лас Палмас. Објавен е документ со негов потпис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП