11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Атлетико-Баерн, Сити против Реал

ЛШ: Атлетико-Баерн, Сити против Реал

ls nova

Манчестер Сити-Реал Мадрид и Атлетико Мадрид-Баерн Минхен се полуфиналните двојки во Лигата на шампионите, одлучи ждрепката која денеска се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Сити никогаш не играл во оваа фаза во ЛШ, Реал е тука по 27-ми пат, Баерн Минхен по 18-ти пат, а Атлетико петти пат.

Реал е најтрофеен клуб во ова натпреварување со 10 трофеи, двојно помалку има Баерн, додека Атлетико два пати играл финале, но не успеал да ја освои титулата.

Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 26-ти и 27-ми април, а реваншите се на 3-ти и 4-ти мај.

Финалето ќе се одигра во Милано на 28-ми мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП