Берзанските индекси на Волстрит во четврток остана речиси непроменети, по два дена силен раст, додека инвеститорите ги анализираат бизнис резултатите на американските банки и компании.
Индексот Dow Jones зајакна 18 бодови, или 0,10 отсто, на 17.926 поени, a S&P 500 од 0,02 отсто, на 2.082 бодови. Nasdaq индексот ослабе 0,03 отсто, на 4.945 поени.
Меѓу најголемите добитници, со раст на цената од 2,5 отсто, беше акцијата на Bank of America бидејќи втората по големина американска банка во првото тромесечје забележа пад на добивката во согласност со очекувањата на аналитичарите.
Од друга страна, акцијата на Wells Farg поевтини 0,5 отсто, откако ова банка ги објави кварталните бизнис резултати.
Целиот финансиски сектор, кој во оваа година е најголем губитник меѓу десетте сектори на S&P 500 индексот, зајакна 0,3 отсто, петти ден по ред.