5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследна работа која и е потребна на Грција

Последна работа која и е потребна на Грција

BN-NO054_0414la_P_20160414105506

Последна работа која и е потребна на Грција е одложувањето на решавањето на проблемите, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Лагард додаде дека оваа земја, но и кредиторите мораат да реагираат брзо.

„Последна работа која и е потребна на Грција е одложување на решавањето на проблемите, и поради тоа сите мораат брзо да реагираат“, изјави Лагард на последното собрание на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Таа изјави дека ММФ секогаш бил конкретен кога станувало збор за оваа земја, а тоа е целта за одржување на стабилноста, одржливоста на економијата и суверенитетеот на Грција.

„За да се постигне тоа, бројките мораат да бидат реални, а мерките одржливи. И тоа се однесува на природата на мерките, цената на долгот за земјата….Програмата за Грција мора да стои на две нозе, но сето тоа мора да биде реалистично и одржливо. Ние правиме се за да помогнеме во понекогаш многу тешките услови“, порача Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП