20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолема трансакција со акциите на Негорски бањи

Голема трансакција со акциите на Негорски бањи

mak berza

Половина од прометот денес беше со акцијата на Негорски бањи АД Гевгелија. Вкупно 1000 лотови по цена од 7.372 денари се истргуваа во две трансакции. Инаку станува збор за 1% од основната главнина на друштовотo, а во последните 12 месеци вкупно се истргувале 4.400 лотови.

Промет над милион денари имаше со акциите на Алкалоид (АЛК) и Комерцијална банка (КМБ). Кај Алкалоид конкретно се истргуваа 686 лотови по цена од 5.300, додека кај КМБ, 646 лотови се истргуваа по цена од 2.182,88 денари.

На веб страната на Македонската берза денес имаше објава од Хотели Метропол АД Охрид за Годишно собрание кое е закажано за 17.05.2016 и предлог одлука за распредлеба на добивката во 2015 според која 5% од добивката е наменета за законски резерви, останатиот дел во нераспеределена (акумулирана) добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП