19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната избегна дефлација

Еврозоната избегна дефлација

prodazba ceni 335

Во март потрошувачките цени во еврозоната стагнираа, покажуваат конечните пресметки на „Еуростат“.

Инфлацијата во 19-члениот монетарен блок останува непроменета во третиот месец од годината, појасни статистичкиот институт на Европската комисија со седиште во Луксембург.

Во февруари податоците покажаа дека на годишна база потрошувачките цени се паднати за 0,2 отсто. Претходните пресметки за март беа за дефлација од 0,1 отсто.

infl eu 23

Основната инфлација, која не вклучува цени, како оние на храната и енергетскиот сектор, се забрза до 1 отсто во март од 0,8% во февруари. Значи во овој индикатор нема промена во однос на првичната проценка.

Најголемиот придонес за растот на инфлацијата во март доаѓа од секторот на угостителството (ресторани и кафулиња), каде што цените се зголемија за 1,5%, што додава 0,12 процентни поени кон основната инфлација.

Инфлацијата останува доста под прогнозираната цел од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) од малку под 2 отсто, која не е постигната од 2013-та година. Поумереното економско заздравување беше недоволно за да се спротивстави на падот на цените на нафтата, коментира „Bloomberg“.

ЕЦБ ја прошири својата програма за купување на обврзници, за да се бори со дефлацијата, засилувајќи го обемот на месечните купувања на обврзници до 80 милијарди евра од 60 милијарди евра. Тоа беше една од серијата нови мерки, објавени од страна на претседателот на ЕЦБ Марио Драги во текот на минатиот месец во искуството на банката да го стимулира растот на цените.

infl eu 22

Во целата Европска унија инфлацијата исто била нула во март, покажуваат податоците на Евростат.

Цените се намалиле во 15 од 28-те земји членки на ЕУ, најсилно во Романија, Кипар и Бугарија – односно 2,4%, 2,2% и 1,9%. Највисока годишна инфлација се забележува во Белгија (1,6%), Шведска (1,2%) и Малта (1%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП