26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштено во употреба реконструирано игралиште за мал фудбал во ОУ „Стив Наумов“

Пуштено во употреба реконструирано игралиште за мал фудбал во ОУ „Стив Наумов“

novo-igraliste-gazi-baba

Реконструираното спортско игралиште за мал фудбал со вештачка трева и место уредено со клупи за резервни играчи беше пуштено во четврток во дворот на ОУ „Стив Наумов“ во Гази Баба.

Ова игралиште првенствено ќе го користат учениците од ова основно училште, децата од градинката Детска радост за спортски активности, а во слободните термини ќе може да го користат и граѓаните за рекреативни фудбалски натпревари.

„Целта на оваа инвестиција е да ги мотивираме најмладите жители од општината да бидат повеќе на спортските терени. За реконструкцијата на игралиштето од буџетот на општината беа издвоени 1,8 милиони денари“, појаснуваат од општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП