
Општина Карпош, од почетокот на април во континуитет врши реконструкција на детските игралишта на цела нејзина територија.


Општина Карпош, од почетокот на април во континуитет врши реконструкција на детските игралишта на цела нејзина територија.
„Досега се целосно реконструрани, бојадисани, со сменети реквизити, сите детски игралишта во Карпош 4 , од кои три големи оградени игралишта и десеттина отворени простори за игра и забава на најмалите жители на Карпош. Во наредните денови ќе продолжи обновата на реквизити за игра на игралиштата во Тафталиџе, Козле и Карпош 3“, информира локалната власт.
Нивна цел е до крајот на мај во целост да бидат обновени 70 детски играчишта на подрачјето на цела локална самоуправа, а воедно апелираат до граѓаните да не ја уништуваат новата опрема.