12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ10-те најголеми банки според средства во светот

10-те најголеми банки според средства во светот

banka2222

Четири од 10-те најголеми банки според средства во светот се наоѓаат во Кина, покажува најновата листа на „S&P Global Market Intelligence“. САД и Франција можат да се пофалат со две банки во првите десет, додека Велика Британија и Јапонија имаат по една.

Петте најголеми банки според средства во светот се наоѓаат во Азија. Најголемата американска банка е „JPMorgan Chase & Co.“ со средства во вредност од 2.35 илјади милијарди долари кон декември 2015-та година. Банката се рангира на седмото место во светот, отстапка со една позиција во споредба со една година порано. „Bank of America Corp.“ е деветтата најголема банка во светот по средства и единствената друга американски финансиска институција, која влегува во првите десет. Банката имала средства од 2.14 илјади милијарди долари на крајот на декември, а нејзиното рангирање останува без промена во споредба со март 2015-та година.

Активата на банките во рангирањето на „S&P Global Market Intelligence“ се конвертирани во долари по курсот на крајот на декември.

graf 33455

Еве и кои се најголемите банки според средства во светот:

10. Credit Agricole: 1.85 илјади милијарди долари

9. Bank of America: 2.14 илјади милијарди долари

8. BNP Paribas – 2.17 илјади милијарди долари

7. JPMorgan – 2.35 илјади милијарди долари

6. HSBC Holdings PLC – 2,41 илјади милијарди долари

5. Mitsubishi UFJ Financial Group Inc. – 2,46 илјади милијарди долари

4. Bank of China – 2.59 илјади милијарди долари

3. Agricultural Bank of China – 2.74 илјади милијарди долари

2. China Construction Bank – 2.83 илјади милијарди долари

1. Industrial & Commercial Bank of China – 3.42 илјади милијарди долари

„Bank of China“ се искачува од петто на четврто место на листата, додека „Mitsubishi“ се предвижува од осмото до петто, а „Credit Agricole“ влегува во првите десет, откако минатата година го зазема 12-то место. „HSBC“ пак отстапува од четврто до шесто место, а „JPMorgan“ губи една позиција до седмото место. BNP исто отстапува со едно место – до осмата позиција.

Од „S&P“ забележуваат дека ако „JPMorgan“ ги користеше истите сметководствени принципи како кинеските банки, американската банка ќе беше на второ место на листата. Ако „S&P“ користеше друг сметководствен систем, ќе има средства вкупно во износ од 3.254 илјади милијарди долари, со што требаше да е втората најголема банка во светот.

graf 333777

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП